Category Archives: Erasmus+ проекти

Проект- „Млади и рециклирањето“

Ќе се уредуваат неколку излетнички места во Кавадарци. Активностите се дел од проектот „Млади и редиклирањето“, а цел на нашиот проект е рециклирање и реупотреба на стари материјали и создавање на нови од истите.

Овој проект е само уште еден од циклусот на Ерамус+ програмите. Го имплементираме во нашата заедница и заедно придонесуваме до зголемување на свеста кај граѓаните, пред се кај младите лица за потребата и значењето на рециклирањето.

Проектот ќе трае 18 месеци, а е финансиран од Европската Унија, преку нашата национална Агениција за европски образовни програми и мобилност. Наш партнер за овој проект е „Проект ЕУ“, а од Велика Британија тоа е „Ред окре“. Покрај тоа, ќе соработуваме и со средното земјоделско шумарско училиште „Ѓорче Петров“, и основните училишта „Тошо Велков Пепето“ и „Страшо Пинџур“. Соработка ќе имаме и со Јавното претпријатие „Комуналец“.

Предвидуваме посета во Лондон. Десет кавадарчани ќе имаат можност да ја посетат тамошната партнерска организација и ќе бидат вклучени во различни практични работилници и едукативни методи за техники за рециклирање.


 

Be Eco without Ego

Незаборавни патувања, доживувања, спомени и многу новостекнати еколошки навики. Дружба со млади екологисти од 6 држави од Европа (Германија, Италија, Романија, Словачка, Грција,) и секако, Македонија. И сево ова овозможено од Erasmus+ програмата и нашето еколошко здружение- Еко- Живот. 

Тргнавме на 11.09 од Кавадарци и за 2 часа патување со авион, пристигнавме во Братислава, Словачка- местото каде се одржуваше оваа обука. Најпрвен, возбудени и секако со малку страв, бидејќи ова за нас беше првата размена од Erasmus+ програмите. Но, бевме топло пречекани и набрзо целиот наш страв се преточи во насмевка на лицето и потполна хармонија во наредните 9 дена. 

Темата на оваа размена, беше СЕЛЕКТИРАЊЕ и РЕЦИКЛИРАЊЕ  на отпадот. Научивме зошто е важно да рециклираме, како правилно да го селектираме отпадот, посетивме современа депонија и се запознавме со најновите стандарди за создавање на една еколошка депонија. 

Нашата дружба завршти на 19.09, кога помалку тажни и со многу нови искуства и навики ја напуштивме Братислава. Ова е едно бесценето искуство, кое вреди да се доживее и да го пренесиме на останатите членови од нашето здружение!
Претставник од Еко- Живот-

Анастасија Иловска, координатор на млади

HEALTHY BODY, HEALTHY MIND

Недела исполнета со дружба, љубов и многу нови стекнати пријателства како и многу нови и подобри навики за водење на поздрав живот. . За сѐ ова е заслужна Erazmus+ програмата и еколошкото друштво во нашиот град, Еко Живот.

 

Пристигнавме на 19.09 после полноќ во Полска, Затоние каде што бевме сместени во одмаралиште. Утредента започнавме со игри низ кои што се запознававме едни со други. Вкупно бевме околу 30тина членови во размената, од 5 различни земји: Полска, Романија, Грција, Турција и Македонија. Две вечери беа резервирани за интеркултурниот настан на којшто си ја претставувавме својата земја. Пробавме најразлични специјалитети, научивме традиционални танци од другите земји, но исто така се прикажавме и себе си во најдобро светло покажувајќи неколку од нашите традиционални ора и нашата превкусна храна.

 

Секој ден имавме различни активности, измешани во групи кои не учеа на тимска работа, да бидиме една целина и да не дискриминираме, а воедно и учевме за здравиот живот. Исто така дел од програмата беше и медитацијата која успешно ја спроведовме. Кајакарењето беше најубавиот дел од нашата размена. Имавме прилика да весламе по езерото уживајќи во убавото зајдисонце. Последните два дена имавме за задача, поделени во групи, да измислеме игри, да направиме презентации и слично кои ги презентиравме во училишта на деца од 11-15 годишна возраст. Исходот од ова беше позитивен, и тие и ние си поминавме супер. Игрите им беа интересни, притоа од нив научија многу за кој е правилниот начин на исхрана и што тие треба да сменат за да си го подбрат својот живот.

7-те дена поминаа многу брзо, си заминавме од оваа размена задоволни од знаењата кои ги стекнавме,  но и тажни за разделбата која следуваше. Во целина, ова и проектите како овој се навистина добри, стекнувајќи многу нови знаења кои се потребни во животот.

https://www.youtube.com/watch?v=DCQGkkf92rk

FROM NATURE TO BUSINESS

Почитувани пријатели,

со почеток од 10-17.11.2017 ќе се одржи размена на млади од програмата ERASMUS+ YOUTH EXCHANGE, која ќе се одржи во Кастамону, Турција, на која ќе земат учество и претставници на Еко Живот.

prva

Еко Живот“-Кавадарци успешно заврши три ЕРАЗМУС меѓународни проекти

http://a1on.mk/archives/768885

http://http://rtk.mk/index.php/kavadarci/2046-video-eko-zivot-eko-centar-uspesko-zavrsi-tri-proekti.html

Регионалното еколошко друштво „Еко-живот“ од Кавадарци беше дел од меѓународен проект за заштита на животната средина.

Претседателот на друштвото Роберто Паризов денеска појасни дека овој еколошки центар на проектот соработувал со програмата „Еразмус+“ од Романија.

– Оваа еколошка организација и член на Друштвото на екологистите на Македонија, во рамките на проектот, со свои претставници учествуваше и на меѓународниот семинар за зачувување и унапредување на човековата околина кој деновиве се одржа во Романија,

Кавадаречките еколози се меѓу најактивните во земјата.Регионалното еколошко друштво  Кавадарци беше дел од повеќе меѓународни сменинари за заштита на животната средина. На вечрашната последна активност учесниците ги презентираа своите знања и искуства кои ги стекнале за време на овие семинари организирани во неколку Балкански земји. 

Три проекти за еден месец,тоа е навистина многу за толку кратко време.И  ако сите успешно се  завршат ,тогаш, сте постигнале успех.Тоа го направија членовите на  Здружението „Еко Живот Еко Центар„ од Кавадарци,кој вчера со своите  членови и новинарите од кавадаречките медиуми одбележаа седум  години постоење.Скромни,што е нивна главна одлика,раководството на кавадаречките еколози предводено од претседателот Роберто Паризов  направи резиме  за три проекти  кои се составен дел од Програмата на Европскиот центар за екологија  – Еразмус плус,на кој учествуваа нивни членови а за нив пред камерата говореа  : Владимир Маневски во Романија  за „Рециклирање на општествени добра“, Александар Тефов во Хрватска за „Обновливи извори на енергија“,а  Славица Саздовска  во Србија за изградба на еко куќа  од природни материјали –

 

000000000000000000000000000000123.jpg.jpg

Претседателот Паризов на средбата со новинарите нагласи дека екологијата  е многу значајна во современиот живот,  а малку е застапена во образованието кај  нас.Третманот и вниманието кон неа  треба да се зголемува  во значителна мера.

Youth Exchange Project -“Energy of Nature”, Karlovac, Croatia

19554385_1406415356101268_8791482648476747917_n

Драги пријатели, во периодот од 30/06/2017 – 07/07/2017 се одржа размена на млади во местото Дуга Реса, близу Карловац, Хрватска.

Проектот имаше за цел да се поттикнат младите да размислуваат како да ги користат обновливите извори на енергија. Во размената земаа присутство млади од: Хрватска, Албанија, Италија, Македонија, Полска и Шпанија. Секој тим беше составен од 6 учесници и плус еден лидер или вкупно учествуваа 42 учесници.

Во тимот од нашето еколошко друштво учествуваа:

 

Александар Тефов -лидер

Силвија Змејковска

Дарко Ангелевски

Дејан Пешовски

Сањица Левковска

Јована Манасиева

Александар Змејковски

Еко-Живот им благодари на нашите претставници за успешното представување на организацијата и државата.

Во продолжение можете и да погледнете некои фотографии

Со почит,

Александар Тефов