Monthly Archives: April 2015

Натпревар за најдобра куќичка за птици

Ги известуваме сите училишта од општина Кавадарци, општина Неготино и општина Росоман дека на ден 09.05.2015 и на ден 22.05.2015 год. ќе се одржи регионалниот конкурс (натпревар) за креирање на најдобра куќичка за птици и најмногу собран селектиран отпад од страна на основните и средните училишта реализиран од регионалниот еко центар “Еко-Живот”.

УЧИЛИШТАТА ЌЕ ТРЕБА ДА ПРИЈАВАТ УЧЕСТВО ЗА ДА бидат подетално известени за точниот термин И НАЧИНОТ за ИЗБОР НА ПОБЕДНИК И доделувањето НАГРАДИ.

Ова се куќичките кои се изработија по повод овој натпревар:

p6 p7 p8 p9 p10 p1 p2 p3 p4 p5

Еко акција по повод „Денот на планетата Земја“

Љубовта кон најблиските можеме да ја изразиме и преку грижата за нивната иднина.

Па затоа, по повод Денот на планетата Земја, организираме акција за засадување на дрвни садници околу Тиквешкото езеро во реонот на с. Брушани.

Сите заинтересирани, кои што ќе изразат желба да ни се придружат, ќе има организиран превоз, автобус, кој ќе тргнува во 11 часот од пред ОУ Страшо Пинџур, Кавадарци.

И да запаметиме, Оваа планета не ја наследивме од нашите дедовци, туку ја позајмивме од нашите внуци.