Monthly Archives: September 2015

Акција за заштита на животинскиот свет

Во текот на предходниот викенд, на покана на ловечкото друштво, членови од Еко-Живот беа на терен и побагаа го одстранување на нелегално поставените примки за ловење на дивеч.

IMG_20150920_070320

Сакаме да нагласиме дека овој вид на ловење е строго забранет и казнив по закон.

При оваа акција беа пронајдени и одстранети  преку 200 примки.

Натпревар во изработка на куќички за птици

birdhouse_lg

 

Почитувани ! Еколошкото друштво Еко-Живот како регионелен центар за заштит ана животната средина за Тиквешијата го објавува регионалниот натпревар за основните и средните училишта за најдобро изработена куќичка за птици од страна на учениците. Во склоп на натпреварот се предвидени предавања за важноста за “Грижата за природата” и вредни награди за секој учесник кој ќе изработи куќичка. За дополнителни прашања ќе се консултираме лично, а крајниот термин за спроведување на активноста е предвиден за крајот на септември, почетокот на октомври. Ве молиме учесниците да се пријават групно или поеднично заради обезбедување на наградите.
Куќичките може да се од било што, по можност рециклирано дрво(реупотребено), или нешто слично што нема да се уништи од дожот.
Учениците независно кое одд можат уредно да се пријават на нашата електронска пошта,а може и групно пријавување.
Критериуми:
1. Естетика и практичност
2. Реупотреба на материјали
3. Уредна пријава на Маил: кој ќе изработува куќичка, име презиме..
Комисијата ќе биде составена од 3-5 членови од надворешен училишен карактер (да немаат директен линк со училиштата). инаку 3 тиот критериум е повеќе заради навремено планирање на лоцирањето на куќичките и заради обезбедување на награди за секој учесник.
Највредните награди се (велосипеди и таблети)

International Youth Exchange

ЕКО-ЖИВОТ како регионален еко-центар денес испрати шестмина свои членови на 7 дневна еколошка обука во Германија -градот Ерфурт, на која обука тие ќе го претставуваат Кавадарци и Македонија и се надеваме дека ќе донесат богато искуство од Германија.

sIYE