Monthly Archives: October 2015

САЕМ ЗА ВОНУЧИЛИШНИ АКТИВНОСТИ

Денеска на Спортско-рекреативниот центар Јасмин се одржа саем на вон школски активности на кој зема учество и нашата организација. Учествуваа над 20 спортски клубови, НВО, културно уметнички друштва, здруженија на граѓани, народна техника и други организации, кои имаат за цел да воспитуваат и одржуваат здрава младинска популација.12170869_10206452883539022_1864310905_o
Младите, само преку членување во некој од нив, можат да сметаат дека правилно го потрошиле своето слободно време, а притоа да бидат поблиски до вистинските вредности на општеството, а истовремено подалеку од модерните негативни предизвици.
12171754_10206452931660225_1007954733_o
– Целта е, вели претседателот на Општинскиот Совет за за превенција од малолетничко престапништво, Димитар Каракулев, младите да не претеруваат на трошењето на времето пред компјутер, во кафулињата или да бидат препуштени на улицата или пороците на модерното живеење.
На штадовите на повеке здруженија и НВО, овде во Кавадарци можат да се видат предлозите за разни вонучилишни активности. Причина повеќе родителите, а и самите деца, со посета на штандовите на саемот, да можат да одбрерат каде да го поминуваат своето слободно време надвор од училиштето.
Преку денот саемот се очекува да го посетат над 4.000 ученици од сите училишта. Сите учесници годинава беа дел од дефилето со што посетителите имаа поголема прегледност, а истовремено целата манифестација доби нова димензија.
И овој четврти Саем на вонучилишни активности е во оранизација на Општинскиот совет за превенција против малолетничко престапништво, кој и годинава беше на висината на својата обврска и задача.

Известување

Почитувани, Ве известуваме дека натпреварот во изработка на куќички за птици ќе се одржи во петок, во 11ч во Градскиот парк(пред Бриони)