Monthly Archives: January 2018

ДОДЕЛУВАЊЕ СОЛАРНИ КОЛЕТОРИ ЗА ТОПЛА ВОДА

ЕКО-ЖИВОТ ДОДЕЛУВА СОЛАРНИ КОЛЕКТОРИ ЗА ДОМАЌИНСТВА 

Соларни колектори за домаќинства кои немаат поголеми месечни примања од 25 000 денари или социјално ранливи категории на домаќинства. Соларните колектори ќе ги доделуваме по принципот прв пријавен до исполнување на потребниот буџет. Очекуваме и дополнителни средства за зголемување на бројот на соларни панели. Панелите ги набавуваме ние,а нивната монтажа ја плаќаат семејствата, или по принципот 70% од вкупната сума за набавка и монтажа ја плаќа Еко-Живот,а 30 %  добитникот на соларен панел.

Право на аплицирање ќе имаат и правни лица од рурални средини како и каацитети за сместување на ученици (интернати и др).

Проектот е партнерски проект на Вила-Зора од Велес и Еко-Живот од Кавадарци за подигање на јавната свест за енергетска ефикасност во домаќинствата.

Заинтересираните мижат да се пријават на : ekozivot@yahoo.com воедно и да добијат дополнителни информации за истото.