Monthly Archives: October 2018

HEALTHY BODY, HEALTHY MIND

Недела исполнета со дружба, љубов и многу нови стекнати пријателства како и многу нови и подобри навики за водење на поздрав живот. . За сѐ ова е заслужна Erazmus+ програмата и еколошкото друштво во нашиот град, Еко Живот.

 

Пристигнавме на 19.09 после полноќ во Полска, Затоние каде што бевме сместени во одмаралиште. Утредента започнавме со игри низ кои што се запознававме едни со други. Вкупно бевме околу 30тина членови во размената, од 5 различни земји: Полска, Романија, Грција, Турција и Македонија. Две вечери беа резервирани за интеркултурниот настан на којшто си ја претставувавме својата земја. Пробавме најразлични специјалитети, научивме традиционални танци од другите земји, но исто така се прикажавме и себе си во најдобро светло покажувајќи неколку од нашите традиционални ора и нашата превкусна храна.

 

Секој ден имавме различни активности, измешани во групи кои не учеа на тимска работа, да бидиме една целина и да не дискриминираме, а воедно и учевме за здравиот живот. Исто така дел од програмата беше и медитацијата која успешно ја спроведовме. Кајакарењето беше најубавиот дел од нашата размена. Имавме прилика да весламе по езерото уживајќи во убавото зајдисонце. Последните два дена имавме за задача, поделени во групи, да измислеме игри, да направиме презентации и слично кои ги презентиравме во училишта на деца од 11-15 годишна возраст. Исходот од ова беше позитивен, и тие и ние си поминавме супер. Игрите им беа интересни, притоа од нив научија многу за кој е правилниот начин на исхрана и што тие треба да сменат за да си го подбрат својот живот.

7-те дена поминаа многу брзо, си заминавме од оваа размена задоволни од знаењата кои ги стекнавме,  но и тажни за разделбата која следуваше. Во целина, ова и проектите како овој се навистина добри, стекнувајќи многу нови знаења кои се потребни во животот.

https://www.youtube.com/watch?v=DCQGkkf92rk