Monthly Archives: November 2018

Активисти од „Еко- Живот“ доделија признание на градоначалникот

Активисти од „Еко- Живот“ доделија признание на градоначалникот

Активисти од здружението за заштита и унапредување на околината „Еко- Живот“ му доделија признание за соработка и подршка на градоначалникот на Кавадарци- Митко Јанчев.

 

Кастрење на дрворедите во Кавадарци само ако претставуваат опасност!

Нема да има сечење на дрвата освен ако не претставува опасност!

Службата на ЈП комуналец во Консултација со општинската служба за жс.,Инсп.за ЖС и граѓанскиот сектор Еко-Живот во наредните 10тина дена ќе врши редовно сезонско поткастрување на градските дрвореди. Комисијата за сечење и кастрење на општина Кавадарци ги помина сите дрвореди каде има потреба од поткастрување и е донесена одлука дека нема да има сечење на дрвата освен ако не претставува опасност,а такви немаше,така да ова известување е кон граѓаните дека комисијата на Општина Кавадарци нема издадено решение и нема да дозволи непланско или било каков вид не неоправдано сечење на дрвата во општина Кавадарци. воедно ќе се врши кастрење на некои гранки заради ослободување на уличното осветлување од истите.

 

 

НЕ За тешка индустрија во Кавадарци

Во Кавадарци, по инициатива на здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко- Живот, на 29.10 годинава започна масовна петиција против тешката индустрија во Кавадарци. 

Граѓаните беа во  можност да го дадат своето мислење и поддршка на штандовите кои беа поставени во централното градско подрачје.

Целта на петицијата беше да се направи притисок до локалната самоуправа на Општина Кавадарци како и градоначалникот на Кавадарци: да не се дозволи пренамена на замјиште од Г2 во Г1, односно да ја исклучиме можноста за дополнително загадување на град Кавадараци!

Заедничка борба на сите граѓани за здраво и чисто Кавадарци, тешка индустрија – НЕ!

Депонирани беа 12.000 илјади гласови / потписи на кавадарчани против тешка индустрија, против цинкара. Вољата на граѓаните е испишана тука, во овие 20тина тетратки. 

 

Be Eco without Ego

Незаборавни патувања, доживувања, спомени и многу новостекнати еколошки навики. Дружба со млади екологисти од 6 држави од Европа (Германија, Италија, Романија, Словачка, Грција,) и секако, Македонија. И сево ова овозможено од Erasmus+ програмата и нашето еколошко здружение- Еко- Живот. 

Тргнавме на 11.09 од Кавадарци и за 2 часа патување со авион, пристигнавме во Братислава, Словачка- местото каде се одржуваше оваа обука. Најпрвен, возбудени и секако со малку страв, бидејќи ова за нас беше првата размена од Erasmus+ програмите. Но, бевме топло пречекани и набрзо целиот наш страв се преточи во насмевка на лицето и потполна хармонија во наредните 9 дена. 

Темата на оваа размена, беше СЕЛЕКТИРАЊЕ и РЕЦИКЛИРАЊЕ  на отпадот. Научивме зошто е важно да рециклираме, како правилно да го селектираме отпадот, посетивме современа депонија и се запознавме со најновите стандарди за создавање на една еколошка депонија. 

Нашата дружба завршти на 19.09, кога помалку тажни и со многу нови искуства и навики ја напуштивме Братислава. Ова е едно бесценето искуство, кое вреди да се доживее и да го пренесиме на останатите членови од нашето здружение!
Претставник од Еко- Живот-

Анастасија Иловска, координатор на млади