Monthly Archives: March 2019

Проект- „Млади и рециклирањето“

Ќе се уредуваат неколку излетнички места во Кавадарци. Активностите се дел од проектот „Млади и редиклирањето“, а цел на нашиот проект е рециклирање и реупотреба на стари материјали и создавање на нови од истите.

Овој проект е само уште еден од циклусот на Ерамус+ програмите. Го имплементираме во нашата заедница и заедно придонесуваме до зголемување на свеста кај граѓаните, пред се кај младите лица за потребата и значењето на рециклирањето.

Проектот ќе трае 18 месеци, а е финансиран од Европската Унија, преку нашата национална Агениција за европски образовни програми и мобилност. Наш партнер за овој проект е „Проект ЕУ“, а од Велика Британија тоа е „Ред окре“. Покрај тоа, ќе соработуваме и со средното земјоделско шумарско училиште „Ѓорче Петров“, и основните училишта „Тошо Велков Пепето“ и „Страшо Пинџур“. Соработка ќе имаме и со Јавното претпријатие „Комуналец“.

Предвидуваме посета во Лондон. Десет кавадарчани ќе имаат можност да ја посетат тамошната партнерска организација и ќе бидат вклучени во различни практични работилници и едукативни методи за техники за рециклирање.