Monthly Archives: April 2019

22 април- ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

На 22 април 2019 младите активисти од организацијата го обележаа денот, така што се потрудија да исчистат дива депонија лоцирана на патот од с. Возарди кон Тиквешкото Езеро.

Со огромната подршка од локалната заедница на Кавадарци и комуналната служба на градот таа депонија веќе не постои. Благодарни сме и на лицата кои присуствуваа на настанот и ја искажаа својата подршка.

Се надеваме дека свеста кај селаните и луѓето што фрлаат отпад на места кои не се наменети за такви цели ќе порасне. А ние, како млади активисти напорно ќе работиме за постигнување на нашите цели, односно не постоење на вакви диви депонии.

Прв собир на млади екологисти

Во канцелариите на Еко- живот на 22 април 2019 се одржа првиот сообир на младите екологисти од мрежата на ДЕМ. Присутни беа младинци- екологисти од цела Македонија.

Одговорна за обуката беше Симона Гетова од Валандово. Младите разговараа за неправдите кои се нанесуваат на природата како и начини за намалување на истите, а со тоа да придонесиме за почиста природа и подобра иднина.

Младите екологисти ги објаснуваа еколошките проблеми застапени во нивната заедница со кои тие се соочуваат. Учествуваа млад екологисти од локалните еколошки организации како и поедницни кои сакат да придонесат во областа на екологијата и зачувување на средината во која живееме.

Во иднина, планирани се вакви собири почесто. Заедно се дружиме, забавуваме, учиме и тежнееме кон почиста животна средина !