Oбуката за волонтирање и работа со млади во еколошки организации

Oбуката за волонтирање и работа со млади во еколошки организации

Оваа обука беше спроведена на 14- 15 декември во Штип. Младинци од организацијата присуствуваа на оваа обука и стекнаа нови знаења од областа на работа со млади и привлекување на младите во една граѓанска организација. Обучувач беше Антонио Јовановски од Гоу Грин, а самата обука е дел од од програмата на граѓанската организација Еко Свест, Скопје- ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ.

Започна најголемата акција на „БАНКА ЗА ХРАНА“

Започна најголемата акција на „БАНКА ЗА ХРАНА“

Започна најголемата акција на „Банка за храна“. Еко- Живот, Кавадарци е партнер организација на Банката за храна на Македонија, се со цел Кавадарци да биде првиот град без гладни во Р. Македонија.
Во прилог, погледнете го излагањето на Душко Христов.

https://24.mk/details/zapochna-najgolemata-akcija-na-banka-za-khrana?fbclid=IwAR0mFniNFDyGBIK_DDuxbQzzuoed2uPF1-KxHw91hLP6lP7G-9ZwMa7Afdo

 

РЕАКЦИЈА НА ЕКО-ЖИВОТ ПРОТИВ „ЕКОЛОГИСТИ“ СКОПЈЕ!

РЕАКЦИЈА НА ЕКО-ЖИВОТ ПРОТИВ „ЕКОЛОГИСТИ“ СКОПЈЕ!

Здружението Еко-Живот од Кавадарци го праќа ова соопштение против злонамерната критика на „Екологисти “ од Скопје упатена кон методот на „вештачки дожд “ од градоначалникот Митко Јанчев.
      1. Ова е ужасно злонамерна и претенциозна критика на таканаречените екологисти до Јанчев.
      2.Нападот врз градоначалникот и неговите креативни обиди кои што имаат позитивен ефект врз состојбата со амбиенталниот воздух во општина Кавадарци, не би требало да предизвика љубомора и завист, туку пример како секој добронамерен градоначалник и функционер треба да се грижи за квалитетот на животната средина.
      3. Општина Кавадарци во соработка со Еко-Живот има донесено хоринзонтални и вертикални мерки за справување со загадувањето на амбиенталниот воздух:
Хоринзонтални мерки се: Изготвување на ЛЕАП (Локален Еколошки Акционен План), субвенционирање на грејни тела, субвенционирање на фасади на колктивни станбени згради, посадување на 20000 садници, зголемување на зелени површини во градот, иготвување на зелен катастар на дрва во градот, гасификација на градот.
Вертикални мерки: зголемен инспекцисски надзор на сите загадувачки и потенцијално загадувачки објекти, воведување на „вештачки дожд“ (методот на Митко Јанчев), мораториум на сечење на дрва во градот, инсталирани прочистувачи на воздух во градинките и школските објекти во Кавадарци и многу други.

Во најава се и напредни скенери на регистрирање на загадаувањето.
Со методот на Митко Јанчев синоќа во Кавадарци загадувањето со пм10 честичките падна од 300 на 100пм10. Oвој метод ние како еколошка организација го поздравуваме и му препорачуваме на секој градоначалник каде загадувањето е алармантно да го примени. Обично се вели тој што не знае треба да праша.
Никушевски би било добро наместо да кука во соопштението да почне да влијае во својата општина за подобрување на животната состојба.

Еко-Живот ,Кавадарци

 

Известување:

Известување:

Почитувани сограѓани,
Еко-Живот во соработка со општина Кавадарци, градоначалникот Митко Јанчев и Стопанска комора на Кавадарци ќе одржи презентација на почеток на изработка на Локален Еколошки Акционен План кој е повеќе од потребен за Кавадарци.
Поканети се сите заинтересирани правни и физички лица да присуствуваат на презентацијата.
Место:салата на Советот на општина Кавадарци
Време : 04.12.2018 во 18 часот.

Обука за прибирање финансии за граѓанските организации

Обука за прибирање финансии за граѓанските организации

Активисти од „Еко- Живот“ Кавадарци присуствуваа на обука  за прибирање финансии за граѓанските организации во Струга на 1 и 2 декемеври. Поминаа два дена во хотел Дрим, Струга и се запознаа со изворите на финансирање за една граѓанска организација и документации потребни за собирање потребни средства за извршување на планираните активности на една организација. Обучувач беше Александар Николов, а обуката е дел од програмата на граѓанската организација Еко Свест, Скопје- ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ. 

Активисти од „Еко- Живот“ доделија признание на градоначалникот

Активисти од „Еко- Живот“ доделија признание на градоначалникот

Активисти од здружението за заштита и унапредување на околината „Еко- Живот“ му доделија признание за соработка и подршка на градоначалникот на Кавадарци- Митко Јанчев.

 

Кастрење на дрворедите во Кавадарци само ако претставуваат опасност!

Нема да има сечење на дрвата освен ако не претставува опасност!

Службата на ЈП комуналец во Консултација со општинската служба за жс.,Инсп.за ЖС и граѓанскиот сектор Еко-Живот во наредните 10тина дена ќе врши редовно сезонско поткастрување на градските дрвореди. Комисијата за сечење и кастрење на општина Кавадарци ги помина сите дрвореди каде има потреба од поткастрување и е донесена одлука дека нема да има сечење на дрвата освен ако не претставува опасност,а такви немаше,така да ова известување е кон граѓаните дека комисијата на Општина Кавадарци нема издадено решение и нема да дозволи непланско или било каков вид не неоправдано сечење на дрвата во општина Кавадарци. воедно ќе се врши кастрење на некои гранки заради ослободување на уличното осветлување од истите.

 

 

НЕ За тешка индустрија во Кавадарци

Во Кавадарци, по инициатива на здружението за заштита и унапредување на животната средина Еко- Живот, на 29.10 годинава започна масовна петиција против тешката индустрија во Кавадарци. 

Граѓаните беа во  можност да го дадат своето мислење и поддршка на штандовите кои беа поставени во централното градско подрачје.

Целта на петицијата беше да се направи притисок до локалната самоуправа на Општина Кавадарци како и градоначалникот на Кавадарци: да не се дозволи пренамена на замјиште од Г2 во Г1, односно да ја исклучиме можноста за дополнително загадување на град Кавадараци!

Заедничка борба на сите граѓани за здраво и чисто Кавадарци, тешка индустрија – НЕ!

Депонирани беа 12.000 илјади гласови / потписи на кавадарчани против тешка индустрија, против цинкара. Вољата на граѓаните е испишана тука, во овие 20тина тетратки. 

 

Be Eco without Ego

Незаборавни патувања, доживувања, спомени и многу новостекнати еколошки навики. Дружба со млади екологисти од 6 држави од Европа (Германија, Италија, Романија, Словачка, Грција,) и секако, Македонија. И сево ова овозможено од Erasmus+ програмата и нашето еколошко здружение- Еко- Живот. 

Тргнавме на 11.09 од Кавадарци и за 2 часа патување со авион, пристигнавме во Братислава, Словачка- местото каде се одржуваше оваа обука. Најпрвен, возбудени и секако со малку страв, бидејќи ова за нас беше првата размена од Erasmus+ програмите. Но, бевме топло пречекани и набрзо целиот наш страв се преточи во насмевка на лицето и потполна хармонија во наредните 9 дена. 

Темата на оваа размена, беше СЕЛЕКТИРАЊЕ и РЕЦИКЛИРАЊЕ  на отпадот. Научивме зошто е важно да рециклираме, како правилно да го селектираме отпадот, посетивме современа депонија и се запознавме со најновите стандарди за создавање на една еколошка депонија. 

Нашата дружба завршти на 19.09, кога помалку тажни и со многу нови искуства и навики ја напуштивме Братислава. Ова е едно бесценето искуство, кое вреди да се доживее и да го пренесиме на останатите членови од нашето здружение!
Претставник од Еко- Живот-

Анастасија Иловска, координатор на млади

HEALTHY BODY, HEALTHY MIND

Недела исполнета со дружба, љубов и многу нови стекнати пријателства како и многу нови и подобри навики за водење на поздрав живот. . За сѐ ова е заслужна Erazmus+ програмата и еколошкото друштво во нашиот град, Еко Живот.

 

Пристигнавме на 19.09 после полноќ во Полска, Затоние каде што бевме сместени во одмаралиште. Утредента започнавме со игри низ кои што се запознававме едни со други. Вкупно бевме околу 30тина членови во размената, од 5 различни земји: Полска, Романија, Грција, Турција и Македонија. Две вечери беа резервирани за интеркултурниот настан на којшто си ја претставувавме својата земја. Пробавме најразлични специјалитети, научивме традиционални танци од другите земји, но исто така се прикажавме и себе си во најдобро светло покажувајќи неколку од нашите традиционални ора и нашата превкусна храна.

 

Секој ден имавме различни активности, измешани во групи кои не учеа на тимска работа, да бидиме една целина и да не дискриминираме, а воедно и учевме за здравиот живот. Исто така дел од програмата беше и медитацијата која успешно ја спроведовме. Кајакарењето беше најубавиот дел од нашата размена. Имавме прилика да весламе по езерото уживајќи во убавото зајдисонце. Последните два дена имавме за задача, поделени во групи, да измислеме игри, да направиме презентации и слично кои ги презентиравме во училишта на деца од 11-15 годишна возраст. Исходот од ова беше позитивен, и тие и ние си поминавме супер. Игрите им беа интересни, притоа од нив научија многу за кој е правилниот начин на исхрана и што тие треба да сменат за да си го подбрат својот живот.

7-те дена поминаа многу брзо, си заминавме од оваа размена задоволни од знаењата кои ги стекнавме,  но и тажни за разделбата која следуваше. Во целина, ова и проектите како овој се навистина добри, стекнувајќи многу нови знаења кои се потребни во животот.

https://www.youtube.com/watch?v=DCQGkkf92rk