Доделени сертификатите за CNC обуката

Денес имаме две убави вести: на посета ни е г-дин Златко Самарџиев, Национален програмски координатор на ГЕФ ПМГ, и успешно ја завршуваме обуката „Примена на CNC машини за реупотреба на дрвен отпад“.

По тој повод ги доделивме сертификатите на учесниците и бевме во посета на директорот на СОУ “Киро Спанџов – Брко”, м-р Душко Лазов. Училиштето е наш партнер во проектот.

Обуката се спроведува во склопот на ГЕФ ПМГ проектот „Примена на позитивни еколошки практики за намалување на негативното влијание на цврстиот отпад врз животната средина и глобалното затоплување“.