Еко акција по повод „Денот на планетата Земја“

Љубовта кон најблиските можеме да ја изразиме и преку грижата за нивната иднина.

Па затоа, по повод Денот на планетата Земја, организираме акција за засадување на дрвни садници околу Тиквешкото езеро во реонот на с. Брушани.

Сите заинтересирани, кои што ќе изразат желба да ни се придружат, ќе има организиран превоз, автобус, кој ќе тргнува во 11 часот од пред ОУ Страшо Пинџур, Кавадарци.

И да запаметиме, Оваа планета не ја наследивме од нашите дедовци, туку ја позајмивме од нашите внуци.