На 24 и 25 март во х.Манастир во Берово се спроведе Модул 1 од Обуката за јакнење на капацитетите на заинтересираните страни за концептот за екосистемски услуги. Обуката се состои од 8 модули за различни тематики од областа од интерес, а Модул 1 се однесуваше на првично запознавање и вовед во концептот за екосистемски услуги.
Еко-Живот, заедно со Друштвото на екологистите на Македонија – ДЕМ, учествуваше со свои претставници и ќе го посетува целосниот циклус на обуки, поточно сите 8 модули.
http://www.bregalnica-ncp.mk/2022/03/31/zapocna-so-realizacija-obuka-za-jaknenje-na-kapacitetite/



