Заштита на биодиверзитетот во Општина Кавадарци

Информациите кои ги добивме од терен на територија на Општина Кавадарци, имаме индикации за присутност на претставник на Балканскиот рис.

За бројната состојба и територијалното протегање немаме информации. Балканскиот рис е посебен подвид на евроазиски рис кој се среќава единствено во планинските предели во западните делови на Македонија, Источна Албанија и најверојатно во јужните делови на Црна Гора и Косово. Во Македонија се проценува дека живеат околу 35 единки на рис, од кои најголем број се во Националниот парк Маврово.

Криволовот, загубата на живеалиштата и намалувањето на достапната храна придонеси да балканскиот рис денес се наоѓа на работ од исчезнување. Поради тоа, неопходно е да се превземат итни мерки за зачувување на овој симбол на дивината, со заеднички напори на сите чинители од општеството, а најмногу од властите и локалното население. Ова известување е истовремен апел и до ловџиите и локалното население да го заштитиме заедно ова прекрасно животно кое можеби има живеалиште на територијата на нашата општина.

Информациите ги споделивме и со нашите колеги од МЕД (Македонско Еколошко Друштво).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *