Проектот „Идентификација и заштита на биодиверзитетот на подрачјето на Кожув планина“ е финансиски поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање и спроведуван од Здружението за заштита и унапредување на животната средина „Еко-Живот“- Кавадарци во периодот 01/06/2020 – 31/12/2020.
Во текот на проектот беа спроведени 6 главни активности, детално опишани подолу заедно со постигнатите резултати.
Број | Активност | Резултат |
1 | 1.1 Реализирање на Теренски истражувања за детерминирање и фотографирање на растителен и животински свет на Кожув планина | Реализирани 15 теренски истражувања за идентификување и фотографирање растителен и животински биодиверзитет на Кожуф планина –кој ќе се користи за издавање на публикација |
2 | 2.1 Информирање на жителите на руралните –подкожувските села за видовите кои се во истребување или било кој друг степен на загрозеност, за нивното зачувување и конзервирање | Организирани 7 информативни состаноци со населението од 7 села сместени на Кожуф, на територија на општина Кавадарци |
3 | 2.2. Пишување и печатење на публикација „Откриј го биодиверзитетот и чувај го!“ | Документиран биодиверзитет- идентификувани најмалку 20 видови растенија и животни во пределот на Кожув планина со осврт на загрозени, ендемични видови, ретки и видови во истребување. Селектирани материјали беа употребени за креирање на брошурата „Откриј го биодиверзитетот и чувај го!“ достапна во дигитална форма на ФБ страницата на проектот „Заштита на биодиверзитетот во општина Кавадарци“ https://www.facebook.com/zastitanabiodiverzitetotKavadarci и на веб страницата на Еко-Живот |
4 | 3.1 Мониторинг на животинскиот и растителниот биодиверзитет | Архивирање на најмалку 1000 фотографии со растенија и животни |
5 | 3.2. Воспоставување соработка со инспекциски служби и др.релевантни клучни фактори кои директно имаат влијание врз биодиверзитетот; Општина на град Кавадарци, Ловни друштва од Кавадарци, Планинарски друштва од Кавадарци, ЈП “Национални шуми“-ПЕ-Кавадарци, МЗЖС, локалното население од селата на подкожувието и сл. | Намалено ловокрадство за најмалку 10%, намалено диво сечење на шумски фонд за најмалку 10%, зголемен број на издадени дозволи за собирање на шумски плодови за најмалку 10%. Средба и потпишување на меморандум со г-дин Митко Јанчев, градоначалник на општина Кавадарци Средба и потпишување на меморандум со г-дин Марјан Иловски, директор на ЈП Национални Шуми подружница „Црн Бор“-Кавадарци |
6 | 3.3. Изработка и поставување Еко-табли на патот кон Витачево и Кожуф планина со еко пораки за заштита на биодиверзитетот | Поставени 5 Еко табли за информирање на населението за заштита на биодиверзитетот и внимателно однесување кон секој вид растение и животно. |