Натпревар во изработка на куќички за птици

birdhouse_lg

 

Почитувани ! Еколошкото друштво Еко-Живот како регионелен центар за заштит ана животната средина за Тиквешијата го објавува регионалниот натпревар за основните и средните училишта за најдобро изработена куќичка за птици од страна на учениците. Во склоп на натпреварот се предвидени предавања за важноста за “Грижата за природата” и вредни награди за секој учесник кој ќе изработи куќичка. За дополнителни прашања ќе се консултираме лично, а крајниот термин за спроведување на активноста е предвиден за крајот на септември, почетокот на октомври. Ве молиме учесниците да се пријават групно или поеднично заради обезбедување на наградите.
Куќичките може да се од било што, по можност рециклирано дрво(реупотребено), или нешто слично што нема да се уништи од дожот.
Учениците независно кое одд можат уредно да се пријават на нашата електронска пошта,а може и групно пријавување.
Критериуми:
1. Естетика и практичност
2. Реупотреба на материјали
3. Уредна пријава на Маил: кој ќе изработува куќичка, име презиме..
Комисијата ќе биде составена од 3-5 членови од надворешен училишен карактер (да немаат директен линк со училиштата). инаку 3 тиот критериум е повеќе заради навремено планирање на лоцирањето на куќичките и заради обезбедување на награди за секој учесник.
Највредните награди се (велосипеди и таблети)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *