Обука за безбедност при работа

Започнавме со обуката за безбедно ракување со столарски и слични машини која се спроведува во склопот на проектот „Примена на позитивни еколошки практики за намалување на негативното влијание на цврстиот отпад врз животната средина и глобалното затоплување“, финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), а спроведуван од НВО Еко-Живот Кавадарци и од СОУ „Ќиро Спанџов Брко“ Кавадарци.

Обуката ќе се спроведува во период од 6 недели, еднаш неделно, во текот на месец октомври и ноември 2023 година.