Проектот „Одржливост на НВО преку локални акции за поздрава и почиста животна средина во општина Кавадарци и регионот“ (NGOs sustainability through local actions for healthier and cleaner environment in Мunicipality of Кavadarci and the region), е финансиран преку ЕУ Проектот „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ (CRM).
Проектот се спроведува од НВО Еко-Живот и е во траење од 8 месеци во периодот од 24.06.2023 година до 24.02.2024 година, во истиот се планирани неколку работилници и обуки за младите од општина Кавадарци и општина Росоман и со училиштата во двете општини.
Активности:
Активност 1: Стартување и организирање на Еко-инфо центар (информативен сервис за природата и природните ресурси);
Активност 2: Еколошко правно советување за територијата на општина Кавадарци и Росоман;
Активност 3: Планирање и координирање на еко патроли за поздрава и почиста животна средина;
Активност 4: Координирање на спроведување на дисеминација;
Активност 5: Организирање на остварување контакти и договорање членство во регионални и национални еко организации.