Примена на позитивни еколошки практики за намалување на негативното влијание на цврстиот отпад врз животната средина и глобалното затоплување

Наслов на проектот: „Примена на позитивни еколошки практики за намалување на негативното влијание на цврстиот отпад врз животната средина и глобалното затоплување“

Имплементатор: Здружение за заштита и унапредување на животната средина “Еко-Живот”    Кавадарци

Во периодот од септември 2023 до август 2024 година во Кавадарци ќе се спроведува проектот„Примена на позитивни еколошки практики за намалување на негативното влијание на цврстиот отпад врз животната средина и глобалното затоплување“. Проектот ќе биде реализиран од страна на Здружението за заштита и унапредување на животната средина “Еко-Живот” Кавадарци, во соработка со СОУ „Ќиро Спанџов Брко“ Кавадарци и Општина Кавадарци. Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), Здружението “Еко-Живот“ од Кавадарци, СОУ „Ќиро Спанџов Брко“ Кавадарци и Општина Кавадарци. Проектот е со вкупен буџет од 29496 САД$, од кои 19986 САД$ се обезбедени од страна на Глобалниот Еколошки Фонд (ГЕФ ПМГ), додека остатокот е обезбеден со учество на Здружението “Еко-Живот“од Кавадарци, СОУ „Ќиро Спанџов Брко“ Кавадарци и Општина Кавадарци. 

Генерална цел на проектот е зголемување на свеста на граѓаните на општина Кавадарци, со акцент на младите, за штетното влијание по животната средина на несоодветното управување (палење, несоодветно селектирање и отстранување) со цврстиот отпад (текстил, дрво, мебел, пластика и метал) и намалување на количината на цврст отпад преку негова креативна реупотреба.

Конкретни цели:

– Воспоставување на работилница за позитивни еколошки практики која ќе работи примарно како креативно катче за млади за реупотреба на корисен цврст отпад (отпад од дрво, текстил, пластика и метал, ситен стар мебел)

Зголемување на свеста на граѓаните, со акцент на младите луѓе, за позитивните ефекти на реупотребата на корисен цврст отпад и циркуларната економија, по животната средина и животниот стандард на граѓаните

Постигнување на самооодржливост на организацијата преку јакнење на капацитетите и вештините на членовите на организацијата за креативна реупотреба на корисен цврст отпад и спроведување на тематски обуки.

Активности:

Активност 1: Обука за безбедно ракување со столарски и слични машини

Активност 2: Примена на CNC машини за реупотреба на дрвен отпад

Активност 3: Воспоставување на работилница за позитивни еколошки практики

Активност 4: Обука за реупотреба на отпад од текстил

Активност 5: Изложба на изработки од обуките

Следете нѐ на социјалните мрежи

https://www.facebook.com/reupotrebanaotpad