Проектот „Природата поблиску до граѓаните“ е финансиран од Министерство за животна средина и просторно планирање на РСМ со период на спроведување 19.06-20.10.2023.
Со спроведување на проектот „Природата поблиску до граѓаните – Заштита на природата, мониторинг и заштита на биодиверзитетот на подрачје на Кожуф планина, Козјак, висорамнина Витачево, Тиквешко Езеро и Дреновска Клисура„ ќе се постигне дефиниран биодиверзитет – идентификувани видови растенија и животни, видови во истребување, ретки видови, утврдени приоритети на делување за заштита на природата во овој регион. Со документирање на постоечката флора и фауна ќе се подигне свеста на граѓаните за заштита на природата и доближување на природата до нив.
Активности:
1.Теренски истражувања за фотографирање на раст. и живот. свет во наведениот регион,
2.Мoниторинг на истиот
3.Поставување хранилки за дивите животни,
4.Интерактивни работилници за заштита на природата и биодиверзитетот во склоп на еко-едукатовниот центар,
5. Дизајн,изработка,поставување едукативни табли пред еко-едукативниот центар,
6.Обука на промотери за заштита на загрозените и ендемични видови на растенија и животни,
7.Промовирање преку социјални мрежи и медиуми
Следете не’ преку официјалната ФБ страна на проектот: