Прскање со дрон – Третирање на болеста боров четник на боровата шума во месноста ,,Љубаш” 

Во месноста „Љубаш” кај Кавадарци се изврши третирање на болеста боров четник во боровата шума, во организација на Еко – Живот, во соработка со инспекторката за шумарство и ловство при Државниот инспекторат за шумарство и ловство, Љубица Ѓорѓиева.  

„Љубаш” се белите дробови на Кавадарци. Боровите дрвца во оваа месност го штитат градот од загадување, поплави, климатски промени. Затоа предложивме, а Општината одобри проект за пробно третирање на околу 4.5 хектари површина. Доколку има резултати, ќе се врши дополнително третирање на пролет кога е болеста најсилна и се имаат формирано најмногу  гасеници што ги оштетуваат дрвцата, рече Роберто Паризов, претседател на „Еко – Живот”. 

Видео од третирање на болеста боров четник на боровата шума во месноста ,,Љубаш”