Заврши овогодинешната Средба за вмрежување на Цивика мобилитас – три дена исполнети со разговори, идеи и заеднички визии за посилно граѓанско општество!
Средбата овозможи размена на искуства и вмрежување меѓу грантистите на Цивика мобилитас преку заедничка дискусија за предизвиците и приоритетите на локално ниво. Во пресрет на локалните избори, дискусиите бea повеќе, но не исклучиво, насочени кон активностите на локално ниво.
Имаше моменти кога и ние од НВО секторот се најдовме во “небрано“ кога дознавме дека довербата на граѓаните во Граѓанското општество е нарушена т.е намалена за повеќе од 10% од последните мерења од пред некоја година.
На средбата, граѓанските организации имаа можност да разговараат со: Министерство за локална самоуправа Министерот за локална самоуправа, Златко Перински , НЕ Амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија, Вероник Улман, Заменик извршната директорка на ЗЕЛС, Ардита Дема Мехмети, Претставнициод УНДП и НДИ, како и други претставници од граѓанските организации (тековни и поранешни грантисти на Цивика мобилитас).
На средбата беа присутни претставници на НВО Еко-Живот како пратнерите од проектот “Соочување со предизвиците и стигматизацијата“ поддржан од Владата на Швајцарија чиј што проект е Civica Mobilitas за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, кој го спроведуваат Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС , НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска.
Фотографии: