Тиквешкиот регион по европски модел за заштита на природата и ресурсите

Проектот „Тиквешкиот регион по европски модел за заштита на природата и ресурсите“ е финансиран од Владата на Република Северна Македонија преку Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2021 година и е спроведуван во периодот август – декември 2021 година.

Целта на проектот:

•Зголемување на свеста на граѓаните и институциите за заштита и зачувување на зоните околу водните тела изворите Лукар и Космaтец и зафатот Стара Река наменети како води за консумирање на жителите на 3 општини (Кавадарци, Неготино и Росоман).

•Зголемување на информациите и знаењата на учениците во основните и средните општински училишта како и студентите од дисперзираните студии во Тивешијата за значењето на водите и водниот биодиверзитет, човековите права за здрава животна средина

Целта на заштитата на водата од овие изворишта е зачувување на здравјето на луѓето и животната средина, што вклучува заштитување на квалитетот на водата, односно спречување на загадувањето на водата.

Со тоа се остварува значителен чекор кон заштита и на останатите природни ресурси и екосистеми во околината на општина Кавадарци, Росоман и Неготино.

Дел од активностите на проектот:

  • Креирање на интерсекторско тело
  • Теренска посета на изворите Лукар, Косматец и Стара река
  • Остварување на онлајн/физичка дебата со граѓаните и инфо средби со учениците
  • Обука за правна регулатива за заштитени подрачја
  • Обука за мониторинг и заштита на загрозени и ендемични видови
  • Креирање и печатење на информативна брошура
  • Отварање на еко-едукативен центар во во градскиот парк „Љупчо Шкартов“ Кавадарци веднаш спроти Вински Музеј за регион Тиквеш.

Повеќе информации за проектот на официјалната FB страна:

https://www.facebook.com/lukarzastitenopodracje