12 ГОДИНИ „ЕКО ЖИВОТ“ КАВАДАРЦИ

Овој месец Еко-Живот обележа 12 години работење,кое со своето постоење означи значаен придонес во заштитата на животната средина во Тиквешијата. Настанот се одржа во Винскиот Музеј Кавадарци, каде што беа промовирани сите завршни, тековни и идни проекти како што се: Мониторинг на животната средина и биолошка разновидност, Заштитено подрачје „Лукар“, природен резерват „Тиквеш”, споменик на природата „Дреновска Клисура”, Банка за Храна-МК Кавадарци и многу бројни Erasmus+ програми. Посебно се нагласи подигање на свеста на младите за реупотреба на предметите-апциклирање како и нивната осебено значајна улога во чувањето и негувањето на животната средина.