Во рамките на деновите на зелена Европа, ЕУ инфо центарот од кавадарци реализира трибина, чии гости-предавачи беа од нашето еколошко друштво. Трибината чиј координатор е Стоева стефанија беше на тема заштита на биодиверзитетот и животна средина, а предавачи беа стручни лица од Е.д Еко-Живот Роберто Паризов и Александар Тефов. Еко-Живот како регионален еко-центар секогаш е спремен да одговори на сите еколошки повици и потреби на општина Кавадарци кога станува збор за служба во итерес на граѓаните на град кавадарци. Зад нас досега беа многу теренски и едукативни еко-активности меѓу кои и оваа активност ја оценуваме како многу успешна трибина на која го разбудивме интересот кај нашите сограѓани кои воедно добија и мноогу одговори во врска со животната средина.
Трибина -Денови на зелена Европа
Leave a reply