ПОЧИТУВАНИ:
Здружение за заштита и унапредување на животната средина Еко-Живот (Регионален еколошки центар за Тиквешијата) објавува регионален конкурс по екологија за основните училишта од Кавадарци,Неготино, Демир Капија и Росоман.
Конкурсот се однесува на уметнички дела од рециклиран материјал (дрво,шперка,стакло итн)на теми :
- Природа,Пролет,Екологија
Крајниот рок за пријавување учесници ќе биде 10ти април,до кога ќе треба да биде спроведен конкурсот на училишно ниво, а прогласувањето на наградените ќе биде на 21-22ри април.Пријавувањето е на официјалната интернет адреса на Еко-Живот (се однесува поединечно за секое училиште дека го прифаќа конкурсот и дека ќе спроведе училишен избор). Право на учество ќе имаат само 5 уметнички дела од секое пријавено училиште. Наградените уметнички дела ќе бидат оставени во Еко-Живот.
За најдобрите уметници следуваат вредни награди
Еколошки поздрав
ЗЗУЖС Еко-Живот