Monthly Archives: January 2021

„Откриј го биодиверзитетот и чувај го!“

Брошура која е производ на проектот „Мониторинг и заштита на биодиверзитетот на територијата на општина Кавадарци со акцент на Кожуф планина“ финансиски поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање на Р. С. Македонија

https://www.flipsnack.com/9F68DB99E8C/-.html

Заштита на биодиверзитетот во Општина Кавадарци

Информациите кои ги добивме од терен на територија на Општина Кавадарци, имаме индикации за присутност на претставник на Балканскиот рис.

За бројната состојба и територијалното протегање немаме информации. Балканскиот рис е посебен подвид на евроазиски рис кој се среќава единствено во планинските предели во западните делови на Македонија, Источна Албанија и најверојатно во јужните делови на Црна Гора и Косово. Во Македонија се проценува дека живеат околу 35 единки на рис, од кои најголем број се во Националниот парк Маврово.

Криволовот, загубата на живеалиштата и намалувањето на достапната храна придонеси да балканскиот рис денес се наоѓа на работ од исчезнување. Поради тоа, неопходно е да се превземат итни мерки за зачувување на овој симбол на дивината, со заеднички напори на сите чинители од општеството, а најмногу од властите и локалното население. Ова известување е истовремен апел и до ловџиите и локалното население да го заштитиме заедно ова прекрасно животно кое можеби има живеалиште на територијата на нашата општина.

Информациите ги споделивме и со нашите колеги од МЕД (Македонско Еколошко Друштво).

Мониторинг и заштита на биодиверзитетот на територијата на Општина Кавадарци, со акцент на Кожуф планина.

Во склоп на активностите на Еко-Живот за проектот „Мониторинг и заштита на биодиверзитетот на територијата на Општина Кавадарци, со акцент на Кожуф планина“ финансиран од МЖСПП, на фотозамка е забележано големо стадо свињи од поставените камери во тој предел, кои се користат за воочување на дивиот свет.

”Мониторинг и заштита на биодиверзитетот на територија на Општина Кавадарци со акцент на Кожуф планина”

Проектот Мониторинг и заштита на биодиверзитетот на територијата на Општина Кавадарци со акцент на Кожуф планина, е имплементиран од страна на Здружение за заштита и унапредување на животната средина Еко-Живот, Кавадарци.

Како основа цел на проектот е мониторирање, документирање и заштита на биолошката разновидност на територија на Општина Кавадарци. За таа цел, поставени се камери за фотозамка, кои се во склоп на активностите на Еко-Живот.

Проектот е реализиран во временски период од 01.06.2020 година -31.12.2020 година и неговата реализација е овозможена со помош на МЖСПП.

Мониторинг и заштита на биодиверзитетот на територијата на Општина Кавадарци со акцент на Кожуф планина

Заштита на биодиверзитетот во Општина Кавадарци е проект финансиран од МЖСПП и главна цел е да се документираат постоечките животински и растителни видови со најчеста спецификација за територијата на општина Кавадарци, видови кои се ендемични за нашата средина и видови за кои е потребна заштита на локално и национално ниво.

Поставени се инфо таблите за видовите на биолошка разновидност чиј опстанок е секојдневно под знак прашалник. Наше е да ја подигаме свесноста, да апелираме и преземиме мерки.

Една од повеќето поставени инфо табли.
Поставена инфо табла
Поставена инфо табла

Подршката е потребна од секој.

Еко-Живот, Кавадарци ги поддржува измените за повлекување на Предлог-законoт за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини.

Еко-Живот, Кавадарци ги поддржува измените за повлекување на Предлог-законoт за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини.

Предложените законски измени содржат големи пропусти во поглед на заштитата и одржливото користење на минералните суровини како најзначајни природни ресурси на државата.