Category Archives: Донации

Повикот за донирање на соларни колектори

Почитувани во тек е повикот за донирање на соларни колектори за топла вода. Секој заинтересиран граѓанин на Кавадарци кој има желба да инсталира таков истото може да го направи по пат пријавување на маил во канц на Вила Зора Велес. Проектот е финансиран од Министерство за Животна Средина и Просторно Планирање на РМ, и е партнерски проект на Еко-Живот и Вила Зора. Подолу е мејлот на ЕД ВИЛА ЗОРА ОД ВЕЛЕС vilazora@t.mk

Еко акција по повод „Денот на планетата Земја“

Љубовта кон најблиските можеме да ја изразиме и преку грижата за нивната иднина.

Па затоа, по повод Денот на планетата Земја, организираме акција за засадување на дрвни садници околу Тиквешкото езеро во реонот на с. Брушани.

Сите заинтересирани, кои што ќе изразат желба да ни се придружат, ќе има организиран превоз, автобус, кој ќе тргнува во 11 часот од пред ОУ Страшо Пинџур, Кавадарци.

И да запаметиме, Оваа планета не ја наследивме од нашите дедовци, туку ја позајмивме од нашите внуци.

Време е за награди !

Ги известуваме сите училишта од општина Кавадарци и општина Неготино дека на ден 07.11.2014 год. (петок) ќе се одржи доделување на дел од предвидените награди за учество во регионалниот натрепвар за собирање на селективен отпад реализиран од регионалниот еко центар “Еко живот”. Учесниците ќе бидат подетално известени за точниот термин за доделувањето.

Крајниот рок на натпреварот во собирање селективен отпад е продолжен до петок 24.10.2014.

Поради големата заинтересираност за натпреварот организиран од страна на Еколошкото друштво Еко Живот натпреварот за собирање одтпад продолжува до петок 24.10.2014 со што заклучно до петок поднесените документи за соберен отпад ве молиме доставете по електронски пат на нашата е-маил адреса

Крајниот рок на натпреварот во собирање пластичен отпад е продолжен до петок 24.10.2014.