Брошура која е производ на проектот „Мониторинг и заштита на биодиверзитетот на територијата на општина Кавадарци со акцент на Кожуф планина“ финансиски поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање на Р. С. Македонија

Брошура која е производ на проектот „Мониторинг и заштита на биодиверзитетот на територијата на општина Кавадарци со акцент на Кожуф планина“ финансиски поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање на Р. С. Македонија
Информациите кои ги добивме од терен на територија на Општина Кавадарци, имаме индикации за присутност на претставник на Балканскиот рис.
За бројната состојба и територијалното протегање немаме информации. Балканскиот рис е посебен подвид на евроазиски рис кој се среќава единствено во планинските предели во западните делови на Македонија, Источна Албанија и најверојатно во јужните делови на Црна Гора и Косово. Во Македонија се проценува дека живеат околу 35 единки на рис, од кои најголем број се во Националниот парк Маврово.
Криволовот, загубата на живеалиштата и намалувањето на достапната храна придонеси да балканскиот рис денес се наоѓа на работ од исчезнување. Поради тоа, неопходно е да се превземат итни мерки за зачувување на овој симбол на дивината, со заеднички напори на сите чинители од општеството, а најмногу од властите и локалното население. Ова известување е истовремен апел и до ловџиите и локалното население да го заштитиме заедно ова прекрасно животно кое можеби има живеалиште на територијата на нашата општина.
Информациите ги споделивме и со нашите колеги од МЕД (Македонско Еколошко Друштво).
Во склоп на активностите на Еко-Живот за проектот „Мониторинг и заштита на биодиверзитетот на територијата на Општина Кавадарци, со акцент на Кожуф планина“ финансиран од МЖСПП, на фотозамка е забележано големо стадо свињи од поставените камери во тој предел, кои се користат за воочување на дивиот свет.
Проектот Мониторинг и заштита на биодиверзитетот на територијата на Општина Кавадарци со акцент на Кожуф планина, е имплементиран од страна на Здружение за заштита и унапредување на животната средина Еко-Живот, Кавадарци.
Како основа цел на проектот е мониторирање, документирање и заштита на биолошката разновидност на територија на Општина Кавадарци. За таа цел, поставени се камери за фотозамка, кои се во склоп на активностите на Еко-Живот.
Проектот е реализиран во временски период од 01.06.2020 година -31.12.2020 година и неговата реализација е овозможена со помош на МЖСПП.
Заштита на биодиверзитетот во Општина Кавадарци е проект финансиран од МЖСПП и главна цел е да се документираат постоечките животински и растителни видови со најчеста спецификација за територијата на општина Кавадарци, видови кои се ендемични за нашата средина и видови за кои е потребна заштита на локално и национално ниво.
Поставени се инфо таблите за видовите на биолошка разновидност чиј опстанок е секојдневно под знак прашалник. Наше е да ја подигаме свесноста, да апелираме и преземиме мерки.
Подршката е потребна од секој.
Еко-Живот, Кавадарци ги поддржува измените за повлекување на Предлог-законoт за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини.
Предложените законски измени содржат големи пропусти во поглед на заштитата и одржливото користење на минералните суровини како најзначајни природни ресурси на државата.
На 18 ноември 2020г. беа посадени над 200 нови дрвца во дворот на кавадаречката болница од страна на невладината организација Еко- Живот.
Станува збор за соработка помеѓу екологистите, кавадаречката локална самоуправа и болницата. Се работи за активности од програмата на ЕНВ.Нет, преку проектот на 4*4*4 Балкански Мостови од Скопје и „Еко-живот” Кавадарци.
Целта е остварување на поголема зелена површина и намалување на аерозагадувањето.
Голема чест и задоволство ни е што на специфичен еколошки начин успеавме да го одбележиме јубилејот на Еко-Живот (8 септември 2020г) заедно со нашите млади и да оставиме порака до нашите сограѓани дека здравата и чиста животна средина е наша должност и задаволство.
Еко-Живот ќе биде во првите борбени редови за покажување позитивен пример и дежурна служба за несовесните граѓани кои се надеваме дека ќе ги има се помалку!
Општина Кавадарци ја има потребната фабрика за третирање на комунален отпад, изградена по сите европски стандарди. Оваа фабрика може да го обработува отпадот од околу 18 општини во Македонија.
Кои се придобивките од истата:
– Нема да имаме диви депонии
– Нема да имаме загадување и палење на отпадот
– Нема да имаме негативно влијание по биодиверзитетот
– Нема да имаме палење на Мелци!
– Ќе има одлична соработка со комуналните претпријатија
– Ќе имаме бесплатно еколошко греење на јавните институции во Кавадарци, и ќе има нови вработувања.
Нема потреба да чекаме изградба на регионална депонија уште десет години!!!
Municipality of Kavadarci has the needed fabric for waste management, constructed according all EU standards. This fabric can process the waste from 18 municipalities in Macedonia.
What are the benefits from it:
No need to wait for constructing a new landfill another ten years!
Предмет: Барање за уредување на еколошки портал
НВО Еко-Живот објавува барање за доставување на понуди за следнава услуга:
Уредување на еколошки веб портал креиран за потребите на проектот „Произведи-Употреби-Рециклирај-Повторно употреби“, поддржан преку програмата за мали грантови во рамки на проектот „ЕНВ.нет го факторизира портфолиото за животната средина на Западен Балкан и Турција во агендата на политиките на ЕУ“, финансиран од страна на Европската унија.
Општата цел на проектот„Произведи-Употреби-Рециклирај-Повторно употреби“ е подигнување на еколошката свест и култура кај населението за управување со отпадот (со акцент на отпадот од хартија и пластика) во насока на циркуларен модел на економија.
Конкретни задачи на проектот се:
Доставените понуди треба да се однесуваат на услугата за уредување на еколошкиот портал во времетраење од 5 месеци, поточно од 15 септември 2019 до 15 февруари 2020 година.
Понуди може да достават правни и физички лица.
Понудите треба да се испратата на е-маил: ekozivot@yahoo.com најдоцна до 02.09.2019 година.