Еразмус+ КА3 проект “Youth Policy Academy”

Еразмус+ КА3 проектот “Youth Policy Academy – Engage, Connect, Empower” е проект во времетраење од 24 месеци кој ќе се спроведува во периодот 01 ноември 2024 – 30 октомври 2026.

Проектот се спроведува од конзорциум од 7 организации, од 7 држави (Шведска, Белгија, Австрија, Унгарија, Македонија, Хрватска и Малта), предводен од Friends of the Earth Europe.

Youth Policy Academy (YPA-ECE) има за цел да ја зајакне вклученоста на младите во демократскиот живот и нивниот ангажман со носителите на одлуки, истовремено подобрувајќи ги капацитетите на младинскиот сектор активен на грасрут ниво да работи транснационално, промовирајќи транснационално учење и соработка помеѓу младите луѓе и носителите на одлуки.

Во текот на проектот YPA-ECE, ќе обезбедиме обуки и активности фокусирани на младите и партиципативни, физички и онлајн, кои овозможуваат значајно ангажирање со политиката, поврзување на младите со носителите на политики и одлуки и охрабрувајќи ја врската помеѓу грасрут и големо ниво, со цел да се зајакне европската димензија на нивните активности, а со тоа да се поттикнат младите да преземат одговорност или сопствени животи и да придонесат за одржлива Зелена Европа за сите.