Квантитативен мониторинг и заштита на биодиверзитетот на ретките видови животни во Општина Кавадарци во подрачјето на Кожуф планина, Козјак и восорамнината Витачево со акцент на Балканскиот рис

Проектот „Квантитативен мониторинг и заштита на биодиверзитетот на ретките видови животни во Општина Кавадарци во подрачјето на Кожуф планина, Козјак и восорамнината Витачево со акцент на Балканскиот рис“ е финансиски поддржан од Министерството за животна средина и просторно планирање и спроведуван од Здружението за заштита и унапредување на животната средина „Еко-Живот“-  Кавадарци во периодот 28.05.2021 до 31 декември 2021.

Во текот на проектот беа спроведени 6 главни активности, детално опишани подолу заедно со постигнатите резултати.

АКТИВНОСТИ
1Мониторинг за идентификација за видовите животни во регион на Кожуф, Козјак и Витачево
2Теренски излагања за собирање на материјали од мониторингот
3Испитување на можните коридори од спроведениот мониторинг
4Изработка и поставување Еко-табли на патот кон Витачево, Козјак и Кожуф планина со еко пораки за заштита на биолошката разновидност на дивиот свет
5Воспоставување соработка со инспекциски служби и други релевантни клучни фактори кои директно  имаат влијание врз биодиверзитетот; Општина на град Кавадарци, Ловни друштва од Кавадарци, Планинарски друштва од Кавадарци, ЈП “Национални шуми“-ПЕ-Кавадарци, МЗЖС, локалното население од селата на подкожувието и сл.

Остваривме соработка со Друштвото на екологисти на Македонија, Македонското еколошко друштво, СОЗШУ Ѓорче Петров Кавадарци и СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ –Кавадарци, Друштвото за обезбедување на имот и лица и деловни услуги Лас Вегас ДООЕЛ извоз-увоз с.Ржаничино Петровец кој е концесионер на дивечот во ловиштето бр.5 “Рожден” од ловен реон Кавадарци.
 
10.08.2021 – Презентација на проектот пред претставници на општина Кавадарци и ЈП Комуналец Кавадарци.
 
29.11.2021 – Презентација на проектот во СОЗШУ Ѓорче Петров Кавадарци
https://www.facebook.com/zastitanabiodiverzitetotKavadarci/posts/422724852837941
 
02.12.2021 – Презентација на проектот во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ –Кавадарци
https://www.facebook.com/zastitanabiodiverzitetotKavadarci/posts/425120275931732
6Промовирање на проектот преку социјални мрежи и локален медиум

Како главна алатка за промовирање на проектот, неговите активности и резултати беше користена ФБ страницата https://www.facebook.com/zastitanabiodiverzitetotKavadarci каде се објавуваат фотографии и видеа од трап-камерите и теренските истражувања, но и од останатите активности на Еко-Живот поврзани со заштитата на биодиверзитетот, како и место за споделување на едукативни содржини објавени на други ФБ или веб страни.
Повеќе фотографии и видеа од проектот на FB страната: https://www.facebook.com/zastitanabiodiverzitetotKavadarci