Лажна посветеност

Почитувани пријатили, сакаме да Ви свртиме внимание на нешто што се случува деновиве во некои од нашите образовни институции, каде се реализира нешто што треба да покаже дека виновникот не невин и дека сите други погрешно информираат.

Гледаме дека во последните денови, нивото на загаденост на воздухот во Кавадарци е абнормално високо. Вредностите се движат преку 10 пати повеќе од дозволеното, а сето тоа се препишува на сезоната на греење, т.е., ќумбињата многу гореле. Почитувани, па и лани и многу години наназад истите тие гореа, а вредностите на загаденост на воздухот не беа астрономски. Значи, не е баш до горењето на ќумбињата. Имаме друг фактор кој придонесува за тие вредности да бидат: „загушувачки“, да „пецкаат“ на очи. Истиот фактор, кој се гриже за „Општествената одговорност“, заедно со некои свои полтрони, спроведува еколошки натпревар со најмладите, реализирајќи ги своите планови за општествена одговорност. Народот рекол: -„Тој што те тепа, добро не ти мисле“. Па ако тргниме од ова и согласносо извештаите за загаденост на воздухот кои ги издава самото министерство за животна средина, кое им дава дозвола на истите „тепачи“ да работат( читај -трујат), произлегува дека тоа што сега го спроведуваат со најмладите е , во најмала рака, замајување на јавноста.
zagaduvawe

Додека сите одговорни, па и јавноста, не завземат цврст став, ќе бидеме број еден на листата на градови од каде што доаѓаат најголемиот број на канцерогени заболувања.

И сепак треба да запомниме една работа, ОВАА ПЛАНЕТА НЕ ЈА НАСЛЕДНИВМЕ ОД НАШИТЕ ПРЕДЦИ, ТУКУ ЈА ПОЗАЈМИВМЕ ОД НАШИТЕ НАСЛЕДНИЦИ!