Намалување на отпад од мебел, дрвен отпад и текстил преку негова реупотреба и зголемување на социјалната вклученост во општина Кавадарци

Во периодот од февруари 2022 до март 2023 година во Кавадарци ќе се спроведува проектот „Намалување на отпад од мебел, дрвен отпад и текстил преку негова реупотреба и зголемување на социјалната вклученост во општина Кавадарци“.

Проектот ќе биде реализиран од страна на Здружението за заштита и унапредување на животната средина “Еко-Живот” Кавадарци, во соработка со средното општинско земјоделско шумарско училиште “Ѓорче Пeтров” од Кавадарци, Општина Кавадарци и ЈП Комуналец Кавадарци. Проектот е финансиран од Програмата за мали грантови (ПМГ) на Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), Здружението “Еко-Живот“ од Кавадарци, средното општинско земјоделско шумарско училиште “Ѓорче Пeтров” од Кавадарци и Општина Кавадарци. Проектот е со вкупен буџет од 35.910 САД$, од кои 29.910 САД$ се обезбедени од страна на Глобалниот Еколошки Фонд (ГЕФ ПМГ), додека остатокот е обезбеден со учество на Здружението “Еко-Живот“ од Кавадарци, средното општинско земјоделско шумарско училиште “Ѓорче Пeтров” од Кавадарци и Општина Кавадарци.

Генерална цел на проектот е намалување на отпадот од мебел и текстил на депониите и јавните површини и негативното влијание на овој отпад по животната средина во општина Кавадарци.

Со проектот ќе биде набавена опрема и ќе се обучат лица да поправаат и крерираат мебел.

Конкретни цели:

– Воспоставен центар за реупотреба за собирање, селекција и преработка за реупотреба на мебел и реупотреба на текстил во декоративни елементи за мебелот

– Зголемување на свеста на граѓаните, локалните институции и бизнис за позитивните ефекти на циркуларната економија, со акцент на реупотребата, по животната средина и животниот стандард на граѓаните, особено ранливите групи на граѓани во општина Кавадарци.

– Зајакнување на капацитетите на организацијата за продолжување со активностите за собирање, селекција и реупотреба на мебел и текстил, како и достава на преработени за реупотреба работи до семејства од социјален ризик

Повеќе информации за проектот ќе најдете на:

Facebook https://www.facebook.com/reupotrebanamebel

Instagram https://www.instagram.com/reupotreba/

YouTube https://www.youtube.com/@reupotreba-mebel-tekstil