Повик за ангажирање на правен експерт

Еко-Живот Кавадарци има потреба од ангажирање на правен експерт (тематски експерт за законодавство) за потребите на проектот „Одржливот на НВО преку локални акции за поздрава и почиста животна средина во општина Кавадарци и регионот / NGOs sustainability through local actions for healthier and cleaner environment in Мunicipality of Кavadarci and the region“ финансиски поддржан од Механизмот за граѓанска отпорност (CRM).

Времетраење на ангажманот е во период септември 2023 – февруари 2024 година.

Правниот експерт треба да биде стручен од областа на животната средина и заштита на правата на граѓаните за здрав живот, добро да го владее законот за животна средина и законите сродни со него. Исто така, треба да има докажано искуство за давање на еко-правни совети и соработка со граѓани за давање на правни совети поврзани со животната средина и правото на здрав живот. Искуство со работа во невладиниот сектор, осовено еколошки организации, ќе се смета за предност.

Правниот експерт ќе има обврска да дава правна поддршка и советување на граѓаните од општина Кавадараци и Росоман, за гаранција на нивните права на здрава животна средина согласно член 43 од Уставот. Исто така, ќе работи во блиска соработка со тематскиот експерт за животна средина и останатиот проектен тим.

Правниот експерт ќе има обврска двапати неделно да работи од канцеларијата на Еко-Живот, додека останатите денови да е достапен телефонски.

По завршувањето на проектот, правниот експерт ќе има обврска да продолжи со давање на еко-правни услуги со истото темпо и „про боно“ во период од 1 година по завршувањето на проектот.

Патните трошоци се на трошок на правниот експерт.

Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија на англиски јазик, по можност во Europass CV формат најдоцна до недела 10 септември 2023 на емаил: ekozivot@yahoo.com

Избраниот кандидат ќе биде известен по емаил во рок од 1 ден по крајниот рок.

Повеќе информации во прикачениот ToR: