Проектот „Young TREEtment for climate“ е Еразмус+ КА1 проект спроведуван од словачката организација Youth for Equality и партнерските организации НВО Еко Живот Кавадарци, SYSTEM & G FINLAND RY (Финска), Conexão Jovem (Португалија), STOWARZYSZENIE MŁODYCH ARTYSTÓW ECO POWER (Полска), SINDESMOS SISTIMA KAI GENIA (Грција), Asociace TOM ČR, TOM 21105 Dumánci (Чешка) и SISTEMA UN G LATVIJA (Латвија) во периодот 01-02-2020 до 31-12-2021.
Како дел од проектните активности беше младинската размена во Словачка. Тимот од петмина беше под лидерство на Мелани Димитровска, а учествуваа и Теодора Баракоска, Софија Соколова, Ана Бањанска и Игор Георгиев. Местоположбата беше во пазувите на планините High Tatras. Останати тимови имаше од Словачка, Чешка, Латвиа, Финска, Грција и Португалија. Како дел од агендата имавме плогинг, активност која потекнува од Шведска во која освен планинарење ја чистиме и околината. Две од вечерите беа одвоени за интеркултурно претставување каде сите земји имаа свое излагање со презентација за инфо за земјата, како и претставителна храна и пијалок на маса. Огромен дел од размената беше за значењето на шумите и нивниот дел во факторите за климатски промени и што можат да направат младите во нивно зачувување како и стратегии како после размената да делуваме локално.
Повеќе информации за целите, активностите и влијанието на проектот ќе најдете на линкот:
https://erasmus-plus.ec.europa.eu/projects/search/details/2019-3-SK02-KA105-002371