Во тек е спроведување на активности во рамки на проектот ,,Здружени и активно вклучени млади во Кавадарци” имплементиран од Здружението за заштита и унапредување на животната средина ЕКО-ЖИВОТ Кавадарци , во рамки на програмата за подгрантирање на проектот ,,Младински активизам за позелени општини” имплементиран од страна на Македонското здружение на млади правници, Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина ГОУ ГРИН Скопје, Центарот за климатски промени и Здружението на млади Креактив, финансиски поддржан од Европската Унија.
Општата цел на проектот на проектот е што повеќе млади да се вклучат во сите процеси на општеството, а тоа да доведе до зголемено влијание на организациите за млади во Кавадарци во процесот на креирање политики поврзани со животната средина на локално ниво.
Краткорочни цели кои сакаме да ги постигнеме се: Здружување на организации со повеќе млади за решавање на горливи еколошки проблеми, запознавање на младите со сите еко- проблеми во заедницата на ниво на општина Кавадарци како и зголемување на вклученоста на младите во процесите за подобро информирање и подигнување на јавната свест кај граѓаните .
Во изминатиот период , од страна на ангажирани млади соработници започнавме со секојдневни дежурства со презентации на тема природа и биолошка разновидност. Овие активности се спроведуваат во Еко-информативниот центар во Кавадарци, лоциран во Градскиот Парк, каде граѓаните се запознаваат со актуелните еколошки проблеми и можните начини за нивно решавање.
Редовно се одржуваат состаноци на младите со претставници од невладиниот сектор и институции додека пак младите континуирано учествуваат при мониторинг и решавање на еколошки проблеми во присуство на претставници од Одделението за животната средина во рамки на Општина Кавадарци.
На крајот од месец ноември, се одржа средба со г-дин Зоран Младеновски, претставник на општина Кавадарци- одделение за животна средина, со кого разговаравме за засадување на дендро-парк односно постоење на разни видови дрвенести и грмушести растенија.
Изминатиот период ги посетивме и основните и средните училишта и се започна со спроведување на презентации за еколошките промени и нивното влијание врз животната средина и здравјето на граѓаните . Наредниот период ќе се заложиме кон преземање на активности со кои ќе се спроведат работилници за млади на кои учесниците ќе земат активно учество и ќе бидат симулирани ситуации на донесување на одлуки.
Преку зајакнувањето на капацитетите на младите и зголемување на нивното знаење во областа на заштита на животната средина би се зголемил младинскиот активизам, а тоа би довело до поквалитетен начин на живеење и промена на животните навики према животната средина.
Активностите се во рамки на проектот „Здружени и активно вклучени млади во Кавадарци“ имплементиран од Здружение за заштита и унапредување на животната средина, во рамките на програмата за подгрантирање на проектот „Младински активизам за позелени општини“ имплементиран од Македонско здружение на млади правници-МЗМП Скопје, Здружение за одржлив развој и заштита на животна средина Гоу Грин Скопје, Центар за климатски промени и Здружението на млади Креактив, а е финансиски поддржан од Европската унија