Со денешниот kick-off состанок и официјално започна спроведувањето на Еразмус+КА3 проектот “Youth Policy Academy – Engage, Connect, Empower” (01 ноември 2024 – 30 октомври 2026).
Проектот се спроведува од конзорциум од 7 организации, од 7 држави (Шведска, Белгија, Австрија, Унгарија, Македонија, Хрватска и Малта), предводен од Friends of the Earth Europe:
Youth Policy Academy (YPA-ECE) има за цел да ја зајакне вклученоста на младите во демократскиот живот и нивниот ангажман со носителите на одлуки, истовремено подобрувајќи ги капацитетите на младинскиот сектор активен на грасрут ниво да работи транснационално, промовирајќи транснационално учење и соработка помеѓу младите луѓе и носителите на одлуки.
Во текот на проектот YPA-ECE, ќе обезбедиме обуки и активности фокусирани на младите и партиципативни, физички и онлајн, кои овозможуваат значајно ангажирање со политиката, поврзување на младите со носителите на политики и одлуки и охрабрувајќи ја врската помеѓу грасрут и големо ниво, со цел да се зајакне европската димензија на нивните активности, а со тоа да се поттикнат младите да преземат одговорност или сопствени животи и да придонесат за одржлива Зелена Европа за сите.