Проекти

Во досегашното работење имаме спроведено повеќе активности, меѓу кои:

Помалку гладни-повеќе среќни

Проектот “Помалку гладни-повеќе среќни” е реализиран во рамки на проектот “BCC Ефект” финансиски поддржан од Европската Унија во рамки на ИПА Програмата 2016-2017.
Проектот е спроведен од НВО Еко-Живот Кавадарци, времетраењето на проектот е 7 месеци и периодот на имплементација: 1 септември 2019 – 31 март 2020.
Општа цел на овој проект е помалку фрлена храна и помалку депривација во исхраната.
Специфични цели на проектот е обезбедување оброк во секое социјално загрозено семејство.

Отпадот се селектира, па се рециклира.

Проектот, “ОТПАДОТ СЕ СЕЛЕКТИРА, ПА СЕ РЕЦИКЛИРА” е имплементиран во рамките на регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан, кој е финансиран од Европската Унија(ЕУ), а имплементиран од прoграмата за развој на Обединетите Нации (УНПД).
Цел на проектот е рециклирање, односно преработка на продуктите како процес, при што тие служат како суровини за производство на нови продукти. На тој начин се забавува исцрпувањето на суровините присутни во природата. При производството на предмети добиени од секундарни производи, се трошат помали количества енергија отколку што би се потрошиле при добивање на производите од примарни суровини, што го прави рециклирањето енергетски ефикасен процес.
На тој начин многу малку количини отпад завршуваат на депонија, се штити животната средина и се заштедуваат многу ресурси, што е една и од примарните цели на Еко-Живот за спроведување на проектот.

Мониторинг и заштита на биодиверзитетот на територија на Општина Кавадарци со акцент на Кожуф планина

    Проектот е имплементиран од Еко-Живот, Кавадарци, со помош од МЖСПП. Основа цел на проектот е мониторирање, документирање и заштита на биолошката разновидност на територија на Општина Кавадарци. Дел од активностите беше поставување на инфо табли за видови кои се ендемични за нашата средина и видови за кои е потребна заштита на локално и национално ниво. Исто така беа поставени и траил камери за воочување на дивиот свет во овој предел како што се: птици грабливки, египетски мршојадец, мечка, волк, диви кози меѓу кои и рис.

Адаптација и уредување на просторот околу споменикот “12-те ваташки деца”

Целта на проектот и неговите активности беше да се исчисти и прилагоди просторот околу споменикот “12-те ваташки деца” во цело Ваташа, Кавадарци со цел негово трансформирање во еколошко катче кое ќе се користи од локланото население за пикник и од локалните училишта за еколошка едукација. Дел од активностите беше садење на дрвца, кпоставување на канти за отпад, фарбање на клупи и канти. Проектот беше реализиран со учество на ученици од основните училишта во Кавадаречко.

Еразмус+ проектот   YE Make the change come true-  Live your life sustainable No.3

Проектот “Направи промена – Живеј оддржлив живот бр.3” (‘Make the change come true- Live your life sustainable 3’) беше имплементиран од германската организација CULTURE GOES EUROPE и во него Еко-Живот учествуваше како партнер. Проектот имаше за цел промовирање на свесното однесување во однос на животната средина и природните ресурси, здраво и еколошко однесување од страна на младите од повеќе европски земји преку спроведување на активности во природа и за културно-социјална интеграција.

Ние бевме одговорно за избор и подготвување на младите луѓе од Македонија кои учествуваа на младинската размена во Ерфурт, Германија

Заштита на биодиверзитетот преку поставување на куќички за птици

Во соработка со локалните училишта од Кавадарци и Росоман направивме и поставивме куќички за птици во градскиот парк Кавадарци и околните излетнички места за заштита и хранење на птиците особено за време на зимскиот период.

Одржливост на граѓанските здруженија преку вмрежување за социјално претприемништво 

Лидер организација (ЛО) и спроведувач на проектот – Регионален центар за животна средина (РЕЦ) – Канцеларија во Македонија

Партнер организации (ПО) и кориснички на проектот:
 
  • ОРТ – Обука за одржлив развој, Скопје
  • Асоцијација за заштита и унапредување на животната средина ЕКО-ЖИВОТ,Кавадарци
  • Еколошко здружение ″Вила Зора″, Велес
  • Здружение на производители на овошје БЛАГОЈА А. КОТЛАРОВСКИ, Ресен

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *