Барање за понуда за креирање на еколошки портал

Предмет: Барање за понуда за креирање на еколошки портал

НВО Еко-Живот објавува барање за доставување на понуди за следнава услуга:

Изработка на еколошки портал за потребите на проектот „Произведи-Употреби-Рециклирај-Повторно употреби“, поддржан преку програмата за мали грантови во рамки на проектот „ЕНВ.нет го факторизира портфолиото за животната средина на Западен Балкан и Турција во агендата на политиките на ЕУ“, финансиран од страна на Европската унија.

Општата цел на проектот„Произведи-Употреби-Рециклирај-Повторно употреби“ е подигнување на еколошката свест и култура кај населението за управување со отпадот (со акцент на отпадот од хартија и пластика) во насока на циркуларен модел на економија. 

Конкретни задачи на проектот се:

  • Мапирани постојните пракси за собирање и управување со отпад во Кавадарци и регионот
  • Подигната  јавна свест во локалната заедница (кај населението) за циркулрна економија преку управувањето со отпад
  • Изработен препораки за управување со отпадот во општините во регионот и континуиран мониторинг на истиот

Во таа смисла еколошкиот портал ќе биде врска помеѓу институциите, власта, невладиниот сектор и граѓаните.

Понуди може да достават правни и физички лица.

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Кратка биографија (во случај кандидатот да е физичко лице)
  • Портфолио на правното лице заедно со тековнa состојба на правното лице во оригинал и не постара од 6 месеци

Понудите треба да се испратата  на е-маил: ekozivot@yahoo.com најдоцна до 17.05.2019 година.