На 2 јули 2025 во Хотел Парк Неготино ја реализиравме првата од три презентации – сесии посветени на запознавање на медицинскиот персонал со протоколот за опфат и третман на лицата со попреченост.
✅ Веќе знаете дека овие настани и целата иницијатива е овозможена во рамки на проектот со наслов “Соочување со предизвиците и стигматизацијата“, во рамки на проектот на Civica Mobilitas Цивика мобилитас кој е финансиран од Владата на Швајцарија 🇨🇭, преку Embassy of Switzerland in North Macedonia a кој го спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ Шведска.
✅ Искуство, препораки преплетени со случки од почетоците на група лекари и медицински пероснал кои се случиле кога некој од лекарите незнаејќи како и на кој начин да пристапи на некое лице со попреченост покажувале доза на “стигматизација“, НО НЕ затоа што сакале или ја имале намерата да го стигматизираат тоа лице со попреченост, туку баш напротив да не му зададат болка или дополнителен стрес на тоа лице.
✅ Прва од лекарите кои се одважија и подготвија своја презентација беше д-р Розјана Николова Јанева 🩺која е гинеколог и укажа на своите почетоци и првите средби при преглед на кориснички од ДЦ на Порака Неготино од Неготино.
Д-р Розјана преку своја презентација даде свој личен пример но и препораки како и на кој начин би требало да се реализира еден конкретен и квалитетен гинеколшки преглед на женско лице со попреченост, посебно на лице со пречки во менталниот развој.
✅ Со свој став и видување па и препораки се приклучи и д-р Аспарух Димковски 🩺 чија што специјалност е стоматологијата и кој веќе долги години е и матичен сотматолог на лицата со пречки во менталниот развој на ДЦ Порака Неготино во Неготино.
✅ Свои видувања и сугестии дадоа и присутните лица со попреченост, нивни старатели поставувајќи прашања, но давајќи свои гледишта како да се подготви едно лице за преглед кај одреден лекар.
✅ Скоро па сите дадоа свој коментар за разликите кои постојат во јавното и приватното здравство, а тоа е насока во која ние како носители на оваа иницијатива би требало да ги насочиме своите сугестии и препораки.
✅ Свој искрен став и препорака стигна и од г-дин Петров Ване дел од асоцијацијата на здруженија на лица со ретки болести за вметнување на дел во предлог измените на Законот за здравствена заштита, посебно во Законот за Мој Термин.
Сите учесници имаа што да кажат и препорачаат за остварување на целта на нашава иницијатива.
✅ Благодарност до сите кои го исполнија денот со потребни – конкретни препораки кои ќе бидат вметнати во прирачникот кој ќе се изработи во периодот кој следи.🙏
Civica Mobilitas
Влада на Република Северна Македонија
Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС
Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë
Министерство за труд и социјална политика
Ministry of Digital Transformation
Министерство за локална самоуправа
Општина Велес
Општина Кавадарци / Municipality of Kavadarci
Poraka Negotino
Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес
Еко-Живот, Eco-Life Kavadarci
Embassy of Switzerland in North Macedonia

