Be Eco without Ego
Незаборавни патувања, доживувања, спомени и многу новостекнати еколошки навики. Дружба со млади екологисти од 6 држави од Европа (Германија, Италија, Романија, Словачка, Грција,) и секако, Македонија. И сево ова овозможено од Erasmus+ програмата и нашето еколошко здружение- Еко- Живот.

Тргнавме на 11.09 од Кавадарци и за 2 часа патување со авион, пристигнавме во Братислава, Словачка- местото каде се одржуваше оваа обука. Најпрвен, возбудени и секако со малку страв, бидејќи ова за нас беше првата размена од Erasmus+ програмите. Но, бевме топло пречекани и набрзо целиот наш страв се преточи во насмевка на лицето и потполна хармонија во наредните 9 дена.



Темата на оваа размена, беше СЕЛЕКТИРАЊЕ и РЕЦИКЛИРАЊЕ на отпадот. Научивме зошто е важно да рециклираме, како правилно да го селектираме отпадот, посетивме современа депонија и се запознавме со најновите стандарди за создавање на една еколошка депонија.
Нашата дружба завршти на 19.09, кога помалку тажни и со многу нови искуства и навики ја напуштивме Братислава. Ова е едно бесценето искуство, кое вреди да се доживее и да го пренесиме на останатите членови од нашето здружение!
Претставник од Еко- Живот-



