Еразмус+ младинска размена во Бурдур, Турција

На 01.06.2022 учесници од НВО ЕКО Живот беа пратени во Бурдур, Турција на младинска размена како дел од активностите на проектот „Take a Step! It is Not Too “Lake”“ чија цел беше подигањето свеста околу заштитата на езерата, а најважно езерото Бурдур. Учесниците беа дел од разни активности како правење презентации на теми поврзани со зачувувањето на здравјето, на околината и особено околу езерата, правење анкети со жителите на Бурдур и чистење на самото езеро ,,Бурдур” . Во проектот учествуваа учесници од 6 земји: Турција (The Butterfly Effect Youth Group ); Македонија (Еко-Живот); Шпанија ( Asociacion Viaje a La Sostenibilidad); Франција ( Octop’us); Естонија (Estonian Nautical School); Полска ( Eco Power).