WALKING INTO CLEANER AIR

Во периодот од 18.11 до 26.11.2022 наши претставници од Еко-Живот учествува на младинска размена на проектот “Walking into cleaner air” во Поронин – Полска.
Целта на оваа размена беше да се поттикне свеста за штетното влијание на СМОГ (чад и магла). Учесниците преку предавања, вежби и игри се запозна со тоа што е СМОГ, од што настанува, како делува врз човекот и околината и кои се мерките што можат да се превземат за да се намали. Покрај едукативните цели имаа можност да ги посетат Закопане, Вадовице, планината Губаловка и термални бањи. Во Вадовице посетија компанија која се занимават со изработка на топлински пумпи за греење и на кој принцип работат тие. Во ова размена исто така учествува и учесници од Србија, Словачка, Унгарија и Полска.