„Создадено за сочувство: уметност, екологија, хуманост“ е иновативен проект кој ги спојува уметноста, екологијата и хуманоста. Со користење на текстилниот отпад како уметничко средство за изразување се привлекува вниманието на прашањето за отпадот од текстил, како тешко распадлив материјал, кој е еден од главните придонесувачи за загадувањето на животната средина. Фокусот на оваа иницијатива е соочување со овој еколошки проблем на локално ниво (Тиквешки регион), која преку креативно и уметничко изразување ќе придонесе за решение на овој проблем. Проектот претставува мост помеѓу богатото наследство од минатото и современата мода.
„Создадено за сочувство: уметност, екологија, хуманост“ не е само моден проект, тоа е културно движење. Ја слави убавината и уметноста на традиционалниот текстил додека промовира одржливи и етички модни практики кои имаат хумана цел. Со спојување на старите традиции со современ дизајн, тој ги премостува минатото и сегашноста, создавајќи трајно влијание врз светот на модата и културното зачувување.
Овој проект е поддржан од Министерството за култура и туризам и е од хуманитарен карактер.
Проектот се спроведуваше во периодот 01.04.2024 – 31.12.2024 година.
Објави во медиумите:
a1on.mk
https://www.facebook.com/rtkavadarci/posts/983648027117581